После неколку години работење без фирма, во 1989 година ми се роди идејата да основам приватна фирма која ќе се занимава со одржување и сервисирање на разладни системи. Моите почетоци беа сервисирање на уредите за ладење во домаќинството како и статичните комори за ладење, односно индустриските ладилници. Во 1993 година за прв пат не посетија високи претставници од Carrier Франција и претставникот на Carrier во Бугарија. Причината за нивната посета беше големата побарувачка на резервни делови од Carrier за потребите на сервис МАНИ. Тоа претставуваше прв таков сервис за сервисирање на транспортни ладилни системи отворен во Македонија. Во 1995 година се ориентиравме само кон поправка на транспортни разладни уреди. Од тогаш па до денес нашата компанија има постигнато високи цели во работењето. Од тројца вработени во 1995 година, денес нашата фирма брои 20 вработени, од кои 15 се квалификувани сервисери кои имаат повеќе дипломи од земјата и странство, за нивното познавање во областа на механиката и ладењето во транспортот. Како врв на успехот на нашето работење е склученото партнерство со двете најдобри фирми на светот - Carrier Transicold и Schmitz Cargobull. Carrier Transicold е број еден во изработка на разладни уреди во транспортот. Инаку, на годишно ниво во нашиот сервис се вршат околу 1200 сервисирања, а во иднина очекуваме пораст од околу 30%. Во тек е и процедурата на имплементирање на ISO 9001 и 14001. Инаку, соработуваме со транспортни фирми од повеке земји – Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна, Грција, Косово. Во однос на нашето работење, наш приоритет е задоволен и среќен муштерија, а за таа цел даваме 24 часовна подршка како сервисирање и 24 часа подршка по телефон, а сервисот располага и со возило опремено за секаков вид на сервисирање надвор од сервисот.